Алесандра Амброзио се пензионира од Victoria’s Secret
Бразилската убавица Алесандра Амброзио соопшти дека ги пензионира ангелските крилја и нема веќе да биде дел од поставата на Victoria’s Secret.
Нејзината соработка со луксузниот бренд за долна облека траеше 17 години. Годинава, на ревијата што брендот за прв пат реши да ја одржи во Кина, Аброзио заблеска на пистата и никој не претпоставуваше дека тоа ќе биде за последен пат.
Супермоделот ја соопшти веста преку Instagram.
„Немам зборови да опишам колку сум благодарна што работев за овој неверојатен бренд што ме инспирира мене и многу жени ширум светот. Ни во моите најлуди соништа не можев да замислам дека ќе одработам 17 модни ревии за Victoria’s Secret“, напиша таа.
Алесандра, која годинава наполни 36 години, планира да се посвети на семејството, особено на ќерката Ања и синот Ноа, и на нејзината успешна линија костими за капење „Ale by Alessandra“.
Таа беше прво заштитно лице на подбрендот PINK на VS во 2006 година и ги има носено најтешките крилја на ревија на Victoria’s Secret. Во 2011 годинаги носеше крилјата тешки 13,6 килограми кога беше бремена со второто дете.
Алесандра ја отвори ревијата во 2009 година и два пати била избрана да го носи фамозниот градник Fantasy Bra.
Да се потсетиме на сите нејзини настапи на писта за Victoria’s Secret.