Alfa Romeo Giulia Sprint GTA 1300 е скапоцен камен од италијанската историја

Аукциската куќа Gooding & Company наскоро ќе одржи аукција на која ќе биде продаден совршен примерок на Alfa Romeo Sprint GTA 1300 Junior Stradale.

Автомобилот е направен во 1968 година, а е посебен поради фактот што е еден од само 450 примероци со алуминиумска каросерија некогаш направени. Alfa првично го претстави купето во стилот на Bertone во 1965 година, но 1300 Junior дебитираше во 1968 година.

Под хаубата се наоѓа 1,3-литарски 4-цилиндричен мотор кој се базира на поголемиот мотор од моделот 1600. И покрај помалиот мотор, GTA 1300 ужива голем успех на различни патеки низ светот. Овој модел развива 135 КС и е поврзан со 5-степен мануелен менувач преку кој силата се пренесува на задните тркала.

Автомобилот најголем дел од своите енергични перформанси го должи на неговата мала тежина. Покрај алуминиумската каросерија, Alfa се одлучи за пластични прозорци и лесни бандажи.

Примерокот прикажан на фотографиите е продаден како нов во Сиена во Италија, а документите покажуваат дека бил во оваа земја долго време додека не го купил американскиот колекционер Лео Шигиел во 2016 година. Го испратил кај специјалистот за Alfine автомобили, Паоло Берџи, кој го обновил системот за потпирање и сопирање, поставил нова пумпа за вода, ремени и друго, а цената била 9.000 евра.

Претходните сопственици исто така се грижеле за оваа GTA 1300 Junior Stradale. Направени биле некои модификации инспирирани од мотоспортот, но Giulia е многу повеќе од перформанси. Дизајнот на Bertone е едноставен и софистициран и е украсен со елегантни линии.

Аукцијата ќе се одржи на 2 и 3 мај, а се проценува дека автомобилот ќе се продаде помеѓу 225.000 и 275.000 долари.

Да кажеме и дека оваа година се очекува нов спортски автомобил од Alfa Romeo.

Тагови
реклама

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Read more

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Read more

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Read more

Утврдена голема лага во истрагата за несреќата на Titan: Сè е измислено

Read more

Авто новости

Новиот MINI Cooper пристигнува и во попрактично каросериско издание

Read more

Новиот кампер VW California е достапен само во Германија, другите ќе почекаат до крајот на летото

Read more

BMW ја претстави новата Серија 1, верзијата M135 останува на врвот на понудата

Read more

Грешка при полнење гориво што може сериозно да го оштети вашиот автомобил

Read more
 

Автомобили

Новиот MINI Cooper пристигнува и во попрактично каросериско издание

Читај повеќе
  • filter

Новиот кампер VW California е достапен само во Германија, другите ќе почекаат до крајот на летото

Читај повеќе
  • filter

BMW ја претстави новата Серија 1, верзијата M135 останува на врвот на понудата

Читај повеќе

Грешка при полнење гориво што може сериозно да го оштети вашиот автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Ако видите паричка на вратата од автомобилот, веднаш повикајте полиција

Читај повеќе

Toyota Celica се враќа со 2.0-литарски турбо мотор и погон на 4 тркала

Читај повеќе

Која е функцијата на сивите кутии што се појавија на семафорите во Германија?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

10 интересни, но сосема непотребни факти за автомобилите

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нова ера за Porsche: 911 стана хибрид

Читај повеќе