Alfa Romeo во Париз премиерно ќе го претстави и турбо бензинскиот модел Giulia Veloce која ќе има погон на сите четири тркала и 280 коњски сили. Во Alfa Romeo додатокот Veloce (брзо) го искористиле за прв пат пред 60 години, кога е претставена легендарната Giulietta, а сега таа ознака ја доби и моделот Giulia.
Со пакетот опрема Veloce, Alfa Romeo на купувачите ќе им понуди одлично опремена Giulia со последната генерација погон на сите четири тркала, 2.0 литарски турбо бензински мотор со 280 коњски сили и 8 степен автоматски менувач.
За љубителите на дизел опциите, тука е новиот 2,2 литарски алуминиумски турбо дизел мотор кој нуди 210 коњски сили.
Покрај Giulia Veloce, Alfa Romeo во Париз ќе ги претстави и освежените верзии на Giulietta и Mito, а своето место на саемот ќе има и за купе и кабрио верзиите на спортскиот модел 4C.