„Алиса во Земјата на чудата“ со илустрации на Салвадор Дали
Двајца гении во своето поле: Салвадор Дали еден од најдобрите сликари на сите времиња, а Луис Керол е автор на една од најпознатите книги „Алиса во Земјата на чудата“. Сосема е логично дека нивните таленти ќе се спојат некаде, наспроти разликата во потекло и уметнички сензибилитет. Во 1969 година уредник во издавачката куќа Random House го ангажирал надреалистот да направи илустрации за ексклузивно издание на класикот на Керол. По повод 150-годишнината на книгата, ова издание повторно беше објавено и достапно за јавноста.