Актерката и активистка, Алиша Силверстоун, позира комплетно гола во нова кампања на организација за хуман третман на животните, PETA.
Најновата кампања на PETA е насочена кон носење волна, поточно кон мачењето низ кое поминуваат овците во процесот на собирање волна.
„Попрво би одела гола, отколку да носам волна“, пишува на постерот од кампањата, на кој Алиша позира во шума комплетно гола, држејќи маска од овца.
Она не е прва кампања за PETA на актерката позната по „Clueless“ - таа е познат веган активист, што често се бори за подобар третман на животните во денешното општетство.