Алонсо: Формула 1 е здодевна и предвидлива

Ф1
/ 22.11.2018 / 14:38

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо (37) ќе се збогува од Формула 1 во Абу Даби, но веќе порача дека трката веќе не му е интересна.

„Ова веќе не е таа Формула 1 поради која сакав да станам возач на трки. Заминувам бидејќи веќе е здодевно. Повеќе се зборува за тоа што се случува покрај стазата, за полемиките и за радиопораките“, изјави двократниот светски првак.

Алонсо заминува по 312 трки, разочаран од промените на правилата, но и поради фактот дека Формула 1 станала предвидлива.

„Сега можам однапред да ги напишам првите 15 позиции за следната трка, со неколку промашувања. Тешко ми е да прифатам дека сѐ стана толку предвидливо. Изгледа повеќе задоволство ми претставува да возам во други автомобилски серии. Тие нови правила однесоа сѐ во погрешен правец. Веќе не се важни тактиката и креативноста. Сите имаат исто количество на гориво, исти гуми, иста тежина... тоа им помогна само на помалку талентираните возачи“, рече Шпанецот кој паралелно настапува за Toyota во трките на издржливост во FIA.

Местото во Формула 1 му го препушта на 19-годишниот Ландо Норис кој се очекува да го предводи McLaren.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе