Амбасадорот Скот ги повика Белград и Приштина да стават точка на судирите од 90-тите

Белград, 14 август 2019 (МИА) – Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, денеска порача дека „дојде време да се стави точка на судирите од 90-тите“ и ги повика властите во Белград и Приштина што побрзо да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ, пренесе Фена.

„Дојде време да се стави точка на судирите од деведесетите. Ги повикувам Белград и Србија што е можно поскоро да го обноват дијалогот под патронат на ЕУ и да се воздржат од преземање чекори кои оневозможуваат постигнување договор“, напиша Скот на својот Twitter профил.

Покрај оваа порака, американскиот амбасадор објави и фуснота на текстот од вчерашната заедничка изјава со која пет земји членки на НАТО ги повикаа Србија и Косово да ги деблокираат преговорите за нормализација на односите и да дојдат до обврзувачки документ во интерес на регионалната стабилност.

САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија од Приштина бараат да ги укине царинските такси за стоките од Србија, а од Белград да ја прекине кампањата со која од други земји бараат повлекување на признавањето на независноста на Косово, пренесе Хина.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе