Амбер за изметот што го оставила на креветот на Деп: Ужасна практична шега

Амбер Херд ја презеде одговорноста за изметот што го оставила ноќта по жестоката расправија во креветот што го делеше со Џони Деп, изјави вчера во сведочењето еден од телохранителите на актерот.

Старлинг Џенкинс, член на обезбедувањето на Деп, сведочеше за детаљ кој значително влијаеше на односот меѓу поранешните сопружници, но и ја згрози целата јавност.

Џенкинс раскажа за денот кога сето тоа се случило и ноќта пред сето тоа да започне. Имено, Херд на 21 април 2015 година организирала вечера по повод нејзиниот 30-ти роденден во нивниот заеднички пентхаус апартман во Лос Анџелес. Во таа прилика Деп задоцнил затоа што „водел детален разговор за работата“, а кога конечно пристигнал го пречекала бесната Амбер која вербално и физички го нападнала.

Тогаш Деп решил да го напушти нивниот дом и да замине во својата куќа во Холивуд Хилс, а кога се вратил следното утро го дочекало непријатно изненадување - измет на неговата страна од креветот.

„Се насмеав, тоа беше мојот прв одговор на тоа“, рече Деп претходно во своето сведочење. „Беше толку бизарно и толку гротескно што можев само да се смеам“, продолжи актерот.

Џенкис раскажа како, пред актерката да замине од дома тоа утро за да оди на музичкиот фестивал Коачела, тој бил со неа и ѝ донел багаж и две кучиња. Со Амбер водел „разговор за изненадувањето“, кое таа го подготвила за неговиот шеф, а таа потоа сè опишала како „ужасна практична шега што тргнала наопаку“.

Херд ги обвини нејзините две кучиња за изметот, што според Деп било многу неубедливо бидејќи расата кучиња како Јоркширски териер е премногу мала за да направи толку голем неред.

„Живеев со тие кучиња и им го собирав изметот. Не беа тие“, изјави Деп претходно, убеден дека Амбер е таа што го направила тоа.

Судењето меѓу поранешните сопружници сѐ уште е во тек, а секој ден некои детали повторно ја изненадуваат јавноста.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе