Амбициозен план: ОАЕ сакаат да го колонизираат Марс до 2117 година

Обединетите Арапски Емирати ќе го испратат нивниот прв астронаут во вселената на 25 септември, но тоа не е сè. Земјата има амбициозна вселенска програма за колонизација на Црвената планета, до 2117 година.

Првиот астронаут од ОАЕ ќе патува до Меѓународната вселенска станица на 25 септември. Тоа ќе биде или воениот пилот Хаза ал Мансури или инженерот Султан ал Нејади, како дел од амбициозната вселенска програма на оваа земја. Двајцата мажи се одбрани од 4.000 пријавени, а велат дека не се исплашени од неодамнешниот неуспех на руската ракета што ги носи астронаутите на Станицата.

„По инцидентот ние сме уште посамоуверени во подготовката за мисијата. Во случај на неуспех имаме опрема со која се осигурува безбедноста на екипажот, што значи дека сме уверени дека системот функционира на големо ниво на безбедност“, изјави ал Мансури за AP.

Станува збор за инцидентот што се случи на 11 октомври минатата година кога ракетата Soyuz-FG што ги носеше астронаутите Ник Хаг и Алексеј Овчинин падна кратко по лансирањето поради оштетен сензор. И двајцата слетаа безбедно во Казахстан.

ОАЕ имаат амбициозна вселенска програма и желба да го колонизираат Марс до 2117 година, каде, според нивните планови, би бил формиран функционален град за 600.000 жители.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе