Американците за Black Friday купиле толку многу оружје што можат да се вооружат сите маринци

Вашингтон, 3 декември 2019 (МИА) – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) примило повеќе од 200.000 барања за проверка во врска со купувањето огнено оружје за Black Friday, што претставува втора рекордна продажба на оружје од 1998 година, откако ФБИ ги воведе овие проверки.

Продажбата на оружје на Black Friday е порасната за 11 отсто во однос на минатата година, додека претходниот рекорд бил поставен во 2016 година, на еден ден по Денот на благодарноста, кога всушност се слави „Црниот петок“.

Потенцијалниот купувач го пополнува формуларот, познат како АТФ, со што се почнува со проверката на подобноста за поседување оружје.

Оваа бројка, меѓутоа, не мора нужно да го одразува вистинскиот број на продадени парчиња оружје, наведуваат американските медиуми.

Заднинската проверка на купувачот на оружје може да се однесува на повеќе објавени купувања во случај купувачот да одлучи да купи повеќе парчиња огнено оружје.

Покрај тоа, некои барања за купување оружје можат да бидат и одбиени.

Доколку се суди според овие бројки, Американците купиле доволно парчиња оружје да го вооружат секој американски маринец од вкупно 182.000, колку што се во активна служба.

Овие бројки не го земаат во предвид огненото оружје набавено преку интернет.

Според податоците на Конгресната служба за истражување, во последните пет години се случиле најмалку 33 масовни пукотници во кои се убиени најмалку четири и повеќе лица, не вклучувајќи ги и напаѓачите.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Чек дис аут

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more

Дали би се запишале на Академија за овчари?

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе