Гејминг

Американски тинејџер победи во „Fortnite“ и стана милионер

29. јули 2019 - 12:19 | Б.С.Б.

Американски тинејџер освои 3 милиони долари и стана светски шампион во играње на „Fortnite“, пренесува BBC. Станува збор за најголемата награда во историјата на електронските спортови, со 30 милиони долари поделени меѓу победниците.

16-годишниот Кајл Герсорф е победник на натпреварот во Њујорк и добитник на 3 милиони долари. На второто место е Џејден Ешман, 15-годишно момче од Лондон, а на третото место е уште еден Британец, 14-годишниот Кајл Џексон.

На светското првенство во „Fortnite“ се натпреваруваа повеќе од 30 земји, 70 играчи беа од САД, 14 од Франција, 11 од Обединетото Кралство. Наградниот фонд изнесуваше 30 милиони долари, а сите финалисти добија по 50.000 долари.

„Fortnite“ е една од најпопуларните видеоигри во светот, а според процените, ја играат околу 250 милиони луѓе.

Коментирај