Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, денеска престојува во посета на Македонија.
За време на посетата, таа ќе оствари средби со претставници на владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество, при што ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, како и создавањето на услови за кредибилни избори, соопштуваат од Стејт департментот.
Посетата на Нуланд на Македонија е рамките на нејзината балканска турнеја, за време на која покрај Македонија досега оствари посета на Албанија и Косово, а ќе престојува и во Србија.