Тенис

Ана Ивановиќ објави крај на кариерата

28. декември 2016 - 20:09 | Kајгана/Макфакс

Српската тенисерка Ана Ивановиќ на својот профил на социјалната мрежа Facebook објави дека става кај на својата кариера.

Поранешната број 1, 29-годишната Ивановиќ, реши да се повлече од професионалниот тенис поради неможноста и натаму да се натпреварува на највисокото ниво.

Ивановиќ минатата сезона поради проблеми со повредите одигра само 15 мечеви.

Најголемиот успех во кариерата го оствари во 2008 година кога на терените на Ролан Гарос го освои својот прв и единствен грен слем турнир. По освојувањето на Ролан Гарос таа беше прва на ВТА листата. На првото место се задржа 12 недели.

Во кариерата Ивановиќ освоила 15 титули.

Коментирај