Фудбал

Анчелоти: Венгер ќе пронајде начин

16. февруари 2017 - 10:36 | Д.П.

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, беше многу внимателен при изјавите по убедливата победа над Арсенал во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Баварците го декласираа лондонскиот клуб со 5-1 на Алијанц арената, па реваншот на Емирати на 7 март може да биде само формалност.

„Одигравме добар натпревар, поведовме, но Арсенал усепа да изедначи и во првото полувреме имавме проблеми. Сепак по паузата се функионираше како часовник. Ја најдовме рамнотежата и многу ми е драго поради моите играчи“ - изјави Анчелоти.

Арсенал добро му парираше на Баерн во првите 45 минути, но следуваа фуриозни 25 минути во кои германскиот гигант го прегаз лондонскиот тим.

„Тие секогаш се опасни, особено во контранападите. Во второто полувреме физички бевме многу посилни и мислам дека за нас тоа беше пресудниот фактор за да стигнеме до големата предност. Сепак, мислам дека Венгер ќе најде начин да ја извади екипата од оваа ситуација. Ова е само еден натпревар и мораме да гледаме напред“ - изјави италијанскиот стратег.

Баерн не делуваше уверливо во последните неколку месеци, па дуелот со Арсенал може да се истакне како нивниот најдобар натпревар оваа сезона.

Коментирај