Андонов: Јанева се обиде да предизвика пуч во МВР

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов, на прес-конференција ја обвини специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека без налог сакала да влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање со што сакала да предизвика пуч во Министерството за внатрешни работи.

„Таа во 11 часот дојде на кафе и сок кај (министерот за внатрешни работи Оливер) Спасовски, не дојде со судски налог. Во 14.30 часот побара да влезе во УБК веројатно како гостин и да бара документи, а во 16.30 часот донесе судски налог за да влезе. Таа сакаше да предизвика пуч во МВР. Каде е политичката и стручната одговорност на Јанева, каде е политичката одговорност на Спасовски? Дали има двајца, тројца или петмина оператори е проценка на директорот на УБК согласно потребите кои ги има. Дали мислите дека се доволни, тоа не е прашање кое јас ќе ви го одговорам или пак самите можете да си ги одговорите“, рече Андонов.

Според него МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност се подготвени за соработка со СЈО, единствено кога Јанева ќе знае што сака и што бара во законски рамки за да може да го добие истото.

Андонов го образложи својот впечаток дека Јанева и Спасовски сакаат да направат пуч во МВР, прашувајќи што барала единицата АЛФИ да биде распоредена околу зградата вчера, кога Јанева заедно со обвинители влезе во УБК за да земе материјали кои и се потребни за истрагите што ги спроведува.

„Очигледно Јанева во соработка со Спасовски подготвува терен за удар во МВР при што не води сметка за конфронтација со единиците на МВР па и лична конфронтација. Таа праша која е улогата на дополнителниот заменик-министер, но јас ќе поставам контра прашање, која е улогата на Јанева и СЈО кога не знаат која е улогата на дополнителниот заменик-министер, нека се повикаат на законот за влада каде децидно се зборува дека јас еднакво делувам во МВР со министерот, ако некоја институција е спречена да извршува функција тоа е мојата функција бидејќи вчера пред воопшто да се појави пред просториите во УБК, Јанева помина добри три часа на кафе и сок со Спасовски за да конструираат за МВР. Таа пракса продолжува и денеска, Фетаи и Ристоска престојуваат кај Спасовски, СЈО делува како коалиционен партнер на СДСМ, а кабинетот на Спасовски станува штаб на СДСМ“, вели Андонов.

Како што рече Андонов,  Митко Чавков, сегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, не бил информиран за ангажманот на алфите и како што рече, срамота е кога некои од алфите реализираат активности за потребите на УБК, а други за некоја друга намена.

Се пожали дека Спасовски извршил над 40 смени во Алфи и не го информирал него, што инаку му е должност, а обвини дека до сега има направено над 160 хоризонтални промени, што, според него, укажува на тенденцијата на Спасовски да продолжи со утврдената пракса во МВР да се однесува своеволно и да го претвори МВР во штаб на СДСМ.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе