Женската репрезентација на Македонија со новиот селектор го започнува циклусот на квалификации за пласман на ЕУРО 2025 кое ќе се одржи во Швајцарија.
На почетокот на април, нашата женска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Латвија и Словенија.
На 5 април (петок) во Рига и гостуваме на селекцијата на Латвија со почеток во 17 часот, а на 9-ти (вторник) на домашен терен ја пречекуваме Словенија. Дуелот против Словенкините ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски", со почеток во 15 часот.
Новиот селектор Александар Андов за овие два дуела се одлучи да ги повика следниве 23 фудбалерки:
Голманки:
Берна Кабакчи - Карсон (САД)
Викторија Панчурова - Тиверија
Миа Петровска - Бохум (Германија)
Одбрана:
Ана Милчевска - Ланчкахути (Грузија)
Ане Бошевска - Тиверија
Павлинка Николовска - Љуботен
Викторија Недева - Тиверија
Елена Петровска - Љуботен
Кристина Мојсоска - Ас Јунајтед
Елена Панеска - Саса
Средина:
Оливера Цоклеска - Ас Јунајтед
Радица Велкова - Саса
Хава Мустафа - Шкендија
Александра Марковска - Љуботен
Марјана Нацева - Борусија Дортмунд (Германија)
Рабија Дервиши - Скопје 2014
Икмете Лимани - Вајнберг 67 (Германија)
Наташа Андонова - Леванте (Шпанија)
Напад:
Јилза Максути - Ас Јунајтед
Афродита Салихи - Шкендија
Теодора Шопов - Тиверија
Стефанија Маринковска - Саса
Гентјана Рочи - КуПС (Финска)
Подготовки за квалификацискиот циклус фудбалерките ќе ги започнат на 1 април (понеделник).