Свет

Ангела Меркел првпат ќе го посети Аушвиц

3. декември 2019 - 15:45 | МИА

Берлин, 3 декември 2019 (МИА) – Ангела Меркел ќе биде третиот германски канцелар што го посетил најголемиот нацистички логор Аушвиц. Нејзината посета на Аушвиц, кој се наоѓа на територијата на Полска, планирана е за време на одбележувањето на 75 години откако Советската армија ги ослободи затворениците.

Посетата на Меркел е во периодот на пораст на антисемитизмот во Полска и во Германија.

– Таквата посета е посебно важен сигнал за вниманието и солидарноста, во време кога преживеаните од Аушвиц се мета на антисемитски навреди и пораки со омраза, изјави Кристоф Хјубнер од Меѓународниот комитет за Аушвиц.

Предвидено е и Германија да донира 60 милиони евра за Фондацијата Аушвиц-Биркенау, која одбележува десет години од формирањето.

Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот. Исто така е предвидено германската канцеларка да положи цвеќе во соседниот логот Биркенау.

Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници.

Коментирај