Ангеловска: Со членството во НАТО поголеми инвестиции и пораст на економијата

Северна Македонија ќе има голем бенефит од членството во НАТО. Пред сѐ, политичка стабилност, сигурност и економски придобивки, нагласи министерката за финансии Нина Ангеловска на вечерашната трибина во Прилеп насловена: „Улогата на бизнис-заедницата во градењето цврсти партнерства со НАТО сојузниците“. На трибината, односно панел-дискусијата што ја организира невладината „Мост“ учествуваа младите и претставниците од бизнис заедницта. Панел дискусијата е во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции  кој организира Караван низ неколку градови во државата. 

Ангеловска нагаласи дека членството во НАТО е стратешка определба на нашата држава кое е од голема важност за нејзината стабилност, безбедност и за економскиот развој. Ангеловска со конкретни податоци за придобивките од членството во НАТО-алијансата.

 -Останува уште Шпанија да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО. Ова е добро за нас, како земја, за граѓаните, за младите, за бизнис-секторот. Членството во НАТО носи придобивки за сите нас. Стабилноста, економскиот раст и инвестициите на кои значително влијае членството во НАТО се од исклучително значење за сите нас. Освен на политичка, НАТО е извор и на финансиска и на економска сигурност. Анализите покажуваат дека економскиот раст на земјите се забрзува за два процентни поени во просек, ако се споредува периодот пет години пред и пет години по влезот во НАТО. На што се базира економскиот раст? Прво, за нашите компании се отвoра пазар со обрт од 5 милијарди евра во сервисни продукти како што се: набавка, поддршка, транспорт, одржување, кодификација, услови за сајбер безбедност и друго. Втора придобивка е политичката сигурност која ги стимулира инвестициите странските и домашните, што влијае на бројот на работните места и намалување на невработеноста, зголемувањето на обемот на трговијата што резултира со економски раст и повисок стандард за сите нас. За отворањето на пазарите, ова е голема шанса за сите македонски компании. Сега се отвора можноста за учество во јавните набавки на НАТО. Посебно имаат можност ИТ компаниите за да добијат работа. како Влада, редовно ќе ја информираме бизнис-заедницата што се очекува од нив и како да конкурираат на тендерите. Со влезот во НАТО, обврзани сме да го зголемиме буџетот за одбрана и да стигнат до два проценти од бруто домашниот производ. Крајната цел е да се зголеми до 2024 година, секоја година за 0,2 проценти. Со ова ќе има значајни расположливи средства за Армијата, а домашните компании ќе може да учествуваат во набавките, рече таа.

Ангеловска со споредбени податоци за земјите од опкружувањето кои станаа членки на НАТО и предизвикаа економски раст и згоелмување на директните странски инвестиции.

 -Земјите кои во 2004 година станаа членки во НАТО ја намалија невработеноста за 5 насто, извоzот се зголемил од 6,8 на 11,8 отсто, а БДП по глава на жител се зголемил од 7 на 10,2 отсто. На пример во Црна Гора која стана членка на НАТО пред две години, странските инцвестиции се зголемиле за 147 проценти, за 25 насто се зголемил бројот на странските туристи. во Албаниоја странските инвестиции по влезот во НАТО во 2009 година се зголемија од 5,5 на 9,1 насто. Примерот со Бугарија која влезе во НАТО во 2004 година покажува дека странските инвестици пораснале од 7 на 19,8 проценти. Сите овие примери ни дават за право да очекуваме поголема доверба кај инвеститорите, пораст на економијата, отворање нови работни места и намалување на невработеноста, рече Ангеловска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе