КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ангеловски по жрепката: Помалку важно е каде се игра, мотивите се огромни

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација жали што Македонија нема да биде домаќин на финалниот бараж натпревар за пласман на ЕУРО 2020, но на крајот тоа сепак не значи ништо.

Каде ќе се игра финалето на крајот на краиштата ќе биде небитно доколку Македонија не го победи Косово во полуфиналето. Тоа најдобро го знае селекторот Игор Ангеловски. А токму тој натпревар го играме на домашен терен, во Скопје.

„Жрепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени“, вели Ангеловски за официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на Македонија.

Доколку го минеме Косово, ќе играме финале со победникот од другото полуфинале, Грузија или Белорусија и тоа на теренот на противникот. Грузија важи за благ фаворит на тој дуел.

„Што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, заврши селекторот.

Полуфиналето против Косово е закажано за 26 март 2020 на Националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје со почеток од 20.45 часот.

Финалниот натпревар кој ќе го даде патникот на Европското првенството од Лигата на Ц ќе се игра на 31 март.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе