КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ангеловски: За Елмас немам зборови, благодарност до публиката

Селекторот Игор Ангеловски на задолжителниот прес по натпреварот изјави дека победата е на играчите и на публиката која дојде во голем број и им даде крилја.

„Секоја чест дечки, јас зборував дека е задоволство да се работи со вас, благодарност и за публиката која дојде во голем број. И покрај сите проблеми кои ги имавме, овие фудбалери изгинаа на теренот, играа еден за друг, заедно сме и кога победуваме и кога губиме. Оваа победа е убава, но сѐ уште ништо не сме направиле. Следниот натпревар го играме кај фаворитот Полска и сега треба да се фокусираме на него“, рече македонскиот селектор.

Со оваа победа Македонија остана во игра за пласман на ЕУРО 2020, но далеку од тоа дека работата е завршена бидејќи претстојат уште три тешки натпревари од кои првиот е веќе в недела против Полска.

„По овој натпревар ни се зголемија шансите, но сега треба да се фокусираме на наредните натпревари. Сега одиме во Варшава. Тие се фаворити, но тука одигравме натпревар на кој докажавме дека можеме да се носиме и да се надигруваме со нив. Одиме таму спремни да освоиме бод или ако ни се укаже шанса и три. Сега ни се враќа и Бејтулаи што е добро за нас“.

Македонија во јуни загби дома од Полска со 1:0, но Полјаците не ја заслужија победата. Сепак, одлика на големите тимови е да победуваат и кога не играат добро.

Еден од присутните новинари побара од селекторот даде даде мислење за настапот на Елиф Елмас кој беше творец на двата гола, на што Ангеловски само кратко одговори: „За Елиф Елмас немам зборови, сѐ кажа на теренот“.

На крајот од првото полувреме настана еуфорија на Арената кога Елмас постигна гол, но набрзо се претвори во свирежи откако помошникот судија сугерираше дека Бобан Николот бил во пасивна офсајд позиција стоејќи пред голманот Јан Облак.

„Поништениот гол ги изнеривра играчите, но ги смирив, им реков дека ништо не смее да нѐ исфрли од колосек и дека мораме фокусирано да го продолжиме натпреварот“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе