Англиски медиуми: Национален резил, полош од оној во 1950 година

Англиските медиуми жестоко удрија по селекторот и репрезентативците, кои во понеделникот загубија од Исланд 1-2, и го завршија својот настап на Европското првенство.

Исланд приреди една од најголемите сензации во фудбалот, а медиумите им порачаа на играчите дека би им било подобро да не се враќаат дома.

„Тимот на Хоџсон е понижен и доживеа срамна елиминација од ЕУРО 2016. Англија го претрпе еден од најпонижувачките порази во својата историја, откако загуби од Исланд. Владеењето на Хоџсон ќе биде запаметено по поразот кој може да се спореди само со оној од САД, на светското првенство во 1950 година во Бело Хоризонте“, пишува The Guardian.

„Ова беше ноќта која најмногу ја понижи Англија во светскиот фудбал, ноќ многу полоша од онаа во 1950 година. Сепак, поразот во Ница ќе биде вечна траума, бидејќи се случува во период  кога Премиер лигата стана глобална индустрија“, пишува Пол Хејворд за The Telegraph.

„Хоџсон пред отказ по срамниот пораз од Исланд. Англија во една недела испадна од Европа“, е дел од коментарот во Mirror.

Daily Mail поразот од Исланд го опишува како сеизмички удар за англискиот фудбал и додава дека Хоџсон би требало да биде сменет по СП во Бразил пред две години, кога Англија не ја мина првата фаза.

„Причината зошто нацијата се бори да не чувствува емпатија или поврзаност со поголем дел од играчите е нивното его. Премногу славни, премногу богати, премногу моќни, така изгледа таа Англија“, пишува Ијан Херберт во The Independent.

Сличен став дели и коментаторот на BBC, Фил Мекнилти.

„Крајната одговорност ја има селекторот, но ќе згрешиме доколку не кажеме дека играчите целосно го изневерија. Хоџсон ќе ја преземе одговорноста и ќе ја плати центата, но тие преценети и преплатени играчи од Премиер лигата не смеат да ги избегнат критиките“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе