Анкара: Светот сака да знае кој од врвот го нарача убиството на Кашоги

Анкара, 14 ноември 2018 (МИА) – Светот се прашува кој од врвот го нарачал убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска портпаролот на турската владејачка партија Омер Челик, јави агенцијата Анадолија.

„Ова не можеше да биде направено без наредба од врвот. Светот сака да знае: Кој од врвот ја даде наредбата“, изјави Челик на прес-конференција во Анкара.

Тој исто така рече дека на осомничените за убиството на Кашоги треба да им се суди во турски суд и процесот да го следат меѓународни организации за заштита на човековите права.

Турските власти подготвија барање за екстрадиција на 18 осомничени притворени во Саудиска Арабија, вклучувајќи и тим од 15 членови, кој, според Турција, пристигнал во Истанбул непосредно пред убиството и го извршил.

„Групи за заштита на човековите права од сите реномирани организации,  од ОН до ЕУ, да дојдат и да го набљудуваат овој процес“, рече Челик и додаде дека тие треба да проценат дали процесот е во согласност со стандардите на меѓународното право.

Турција смета дека на осомничените треба да им се суди во турски суд, затоа што криминалот е извршен на нејзина територија, и покрај тоа што бил извршен во саудиска дипломатска мисија. Ријад инсистира на осомничените да им се суди во Саудиска Арабија.

Челик повтори и дека Турција остро ги осудува неодамнешните изјави на францускиот министер за надворешни работи, кој го критикуваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во врска со водењето на случајот „Кашоги“.

Турскиот претседател во саботата изјави дека Анкара ги споделила тонските снимки поврзани со убиството на Кашоги со Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија.

Во понеделникот, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, изјави дека Франција не ги добила снимките, исто така тврдејќи дека Ердоган „игра политичка игра во врска со случајот.”

Саудискиот новинар Кашоги, колумнист на Washington Post, беше убиен на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул.

По неколкунеделно негирање каква било вмешаност, Саудиска Арабија призна дека Кашоги бил убиен во Конзулатот, но наведе дека кралското семејство не знаело за заверата за негово убиство, потсетува Анадолија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе