Анкета на Галуп: 38% од Македонците би се бореле за својата држава

Дали би се бореле, ако има војна, за својата држава и би го дале ли животот за неа? Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот.

Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се борат за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бореле (67 отсто) додека жените – 52 отсто.

Најголем процент подготвени за војна за својата држава се на Блискиот исток и во северна Африка – 93 отсто додека најнизок е во Западна Европа – 25 отсто.

Во анкетата биле вклучени 62.398 луѓе – по илјада за секоја држава.

Најмалку во светот би се бореле за својата земја Јапонците – само 11 отсто. Следуваат во Холандија (15 отсто), Германија и Белгија (19 отсто), Италија 20 отсто…

Најпоготвени за борба за својата држава се во Мароко и Фиџи – 94 отсто. Следуваат Пакистанците 89 отсто, Виетнамците 89 отсто, во Бангладеш – 86 отсто, Азербејџан – 85 отсто…

Во Европа води Финска – 74 отсто се подготвени за војна за одбрана на својата држава. Следува Турција со 73 отсто, Украина 61 отсто, додека во Русија тој процент е 59 отсто.

Од поранешна Југославија: Косово – 58 отсто, БиХ – 55 отсто, Србија 46 отсто и Македонија 38 отсто.

Муслиманите се најподготвени за војна – 78 отсто, хиндуисти 77 отсто, будисти 66 отсто, а по нив – атеистите и агностици – 57 отсто. Меѓу христијаните – 53 отсто православни, па католици – 52 отсто. САмо 51 отсто од Евреите се подготвени да се борат за својата држава.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе