Фудбал

Анри: Отсекогаш ми се допаѓал Лаказет како деветка

13. ноември 2019 - 17:18 | Ф.З.

Легендарниот голгетер Тиери Анри ги пофали голгетерските способности на Александр Лаказет за кого смета дека треба да има место и во репрезентацијата.

Лаказет има само 16 настапи за Франција за која последен пат играше пред точно две години кога на ноемвриската пријателска против Германија постигна два гола. Оттогаш не добива повик.

Селекторот Дидје Дешан не го повика ниту за претстојните квалификациски натпревари против Молдавија и Албанија каде предност доби Висам Бен Једер од Монако.

„Дидје си знае што прави. Тој е главен во репрезентацијата и не ми е ајнсо зошто не го вика Лаказет. Она што можам да го кажам е она што јас го гледам, а тоа го гледам не само сега во Арсенал туку и кога беше во Лион. Тој е одличен голгетер, но ете, конкуренцијата во нападот на Франција е голема“, вели Анри кој исто така некогаш го предводеше нападот на Арсенал и на Франција.

„Жиру игра навистина одлично, Гризман исто така може да игра на таа позиција. На Плеа му оди добро во Менхенгладбах. Бен Једер се покажува во Монако, претходно исто и во Севиља. Мене ми е тешко да зборувам на вакви теми бидејќи мора да се почитува одлуката на селекторот“.

„Отсекогаш ми се допаѓал Лаказет како деветка, но најважната работа е дека треба на Дешан да му се допаѓа“, заврши Анри кој со актуелниот француски селектор триумфираше на Мундијалот во 1998 година и две години подоцна на Европското првенство.

Коментирај