Анте Назор нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром

Поранешниот тренер на Сплит и на Задар, Анте Назор, е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска официјално потпиша договор со клубот, кој е со важност до крајот на сезоната, но со можност истиот да се продолжи ако двете страни бидат задоволни од меѓусебната соработка, објави кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром.

Станува збор за 38-годишен хрватски стратег, кој зад себе има повеќе од солидно искуство предводејќи го задарскиот тим неколку сезони во АБА-лигата. Со само 26 години дебитира на клупата на поранешниот европски шампион Сплит, со кој една години подоцна (2005) доаѓа до победничкиот пехар во Купот на Хрватска. Новиот предводник на „металците“ има и импресивна репрезентативна кариера во младинските хрватски репрезентации со златен медал на Европското првенство (ЕП) за кадети во 2011 година, европско сребро и две бронзи со јуниорите во 2013 односно 2008 и 2014 година, како и сребро и две бронзени медали со У17 и У19 на Светските првенства (СП) во 2015 односно 2009 и 2012 година.

Назор, кој ќе биде првиот тренер од Хрватска на клупата на МЗТ Скопје Аеродром во поновата ера на клубот, доаѓа на местото на Александар Јончевски, кој, пак, претходно го замени Емил Рајковиќ со кого беше почната сезоната. Неговото доаѓање во Скопје се очекува за сабота вечер, а првото запознавање со играчите треба да го има во недела.

Сино-белите, во петок, ќе ги одмерат силите со ФМП (18 часот) во меч од 10. коло од АБА-лигата, на кој ќе бидат предводени од помошниците Горан Крстевски и Драган Миленковиќ, кои потоа ќе му се стават на располагање на новиот тренер. Назор пред себе ќе има една седмица до дебито на клупата на аеродромци, следната недела на гости против Игокеа, време кои максимално ќе го искористи за аклиматизација, напорно тренирање и поставување на сопствениот систем врз кој ќе игра МЗТ Скопје Аеродром на следните натпревари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе