АО: Победи на Вавринка, Ферер, Гаске и Бердих

Станислас Вавринка, прв обезбеди пласман во второто коло на Австралија Опен, кој започна во Мелбурн. Покрај Вавринка, првото коло веќе го минаа Томаш Бердих, Давид Ферер, Ришар Гаске.

Вавринка против Андреј Голубјев го доби првиот сет со 6:4, а во вториот имаше предност од 4:1, кога Казахстанецот му го предаде мечот. Противник на Вавринка во второто коло ќе му биде Колумбиецот Алехандро Фаља, кој во четири сета го победи Михаил Кукушкин.

Давид Ферер, третиот носител на турнирот, во три сета го елиминира Алехандро Гонзалес 6:3, 6:4, 6:4.

Томаш Бердих, со половина од силите го совлада Александар Недовјесов (6:3, 6:4, 6:3). Победа во три сета (7:5, 6:4, 6:1) забележа и Ришар Гаске во дуелот со сонародникот Давид Гуез.

Вавринка-Голубјев 6:3, 4:1 Голубјев го предаде мечот

Додиг-Карловиќ 7:6, 6:3, 7:6

Манарино-Џонсон 3:6, 6:3, 6:0, 5:7, 6:4

Јужни-Штруф 6:1, 6:4, 6:2

Квери-Хилардо 6:3, 6:2, 3:6, 7:6

Џумхур-Хајек 6:4, 6:1, 6:2

Фаља-Кукушкин 6:7, 6:2, 6:2, 6:3

Ниеминен-Села 3:6, 7:6, 6:7, 6:3, 6:3

Мајер-Кудла 6:4, 6:2, 6:4

Ферер-Гонзалес 6:3, 6:4, 6:4

Гаске-Гуез 7:5, 6:4, 6:1

Гулбис-Монако 1:6, 6:4, 7:6, 6:2

Шарди-Галунг 6:2, 6:4, 6:4.