Аплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimited

За еднакви можности на децата и младите со попреченост во дигиталното општество.

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади од 14 до 24 години да се приклучат на отворениот повик за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост.

Националниот повик е дел од младинскиот предизвик Generation Unlimited 2019/20 што се одвива во над 40 земји низ светот и ќе биде отворен за аплицирање до 22 ноември 2019.

Петте најдобри тимови ќе бидат наградени со финансиски средства и менторска поддршка во времетраење од 3 месеци, а двете најдобри решенија од финалето ќе влезат во светскиот избор. Овие проекти ќе имаат можност да добијат дополнителни средства во износ од 10.000 до 20.000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на Generation Unlimited, за нивно проширување.

Што е дигитална инклузија?

Дигитална инклузија (е-инклузија, е-вклучување) е користење на информациско-комуникациските технологии за ефективно учество на сите лица (особено децата и лицата со попреченост) во секој аспект на општествениот живот.

Што е целта на предизвикот?

Целта на младинскиот предизвик е креирање решенија кои ќе помогнат децата и младите со попреченост активно да се вклучат во образованието и во секојдневниот живот. Поконкретно, младите иноватори треба да одговорат на предизвикот: Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот?  

Generation Unlimited - Младински предизвик

Првиот Младински предизвик се одржа минатата година и се одвиваше во 16 земји низ светот. Победникот на нашиот национален предизвик беше награден како еден од петте глобални победници на предизвикот (заедно со тимови од Пакистан, Тајланд, Зимбабве и Судан).

Минатогодишните учесници го споделија нивното искуство за младинскиот предизвик, погледнете го видеото и дознајте повеќе на www.genunlimited.mk.

Generation Unlimited - Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ и на Фондацијата Телеком за Македонија се реализира во соработка со СмартАп и Сојузот на извидници на Македонија.

*Промотивен текст

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе