FindFace споредува фотографии од профилните фотографии на социјалната мрежа Vkontakte и успешно го открива идентитетот со 70% прецизност, пишува Guardian. Апликацијата предизвика контроверзии во Русија, бидејќи ја загрозува анонимноста во јавност.
Станува збор за апликација што може со 70% прецизност да го одреди идентитетот на личноста која корисникот на смартфон ја фотографира. Апликацијата се појави пред два месеца и најмногу ја користат во Русија. Функционира на тој начин што направените фотографии со смартфон се споредуваат со оние објавени на Vkontakte. За кратко време апликацијата е преземена од 500.000 корисници.
Креатори се 26-годишниот Артем Кухаренко и 29-годишниот Александар Кабаков. Апликацијата може да работи со било која фотографска база на податоци, но не и со Facebook. Креаторите сметаат дека апликацијата би била од голема корист на руската полиција, за идентификација на криминалците.
Истовремено, апликацијата може да биде и применета во маркетинг цели.