Официјално

Apple ги претстави новите iPhone 13 модели

Apple денес официјално ги претстави новите iPhone модели iPhone 13 mini, iPhone 13, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max. 

Новите iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max имаат побрз графички процесор, подобрен хардвер на камерите и најважното - првиот ProMotion дисплеј на iPhone.

ProMotion е новиот дисплеј на iPhone кој може да може да „врти” со ниска фрекфенција на освежување на дисплејот од 10Hz, до висока од 120Hz. Големината на дисплеите остана иста - 6.1 кај iPhone 13 Pro и 6.7 кај iPhone 13 Pro Max.

Apple заглави на камери со 12 мегапиксели резолуција. Но, ги подобрува сензорите, леќите и процесирањето на фотографиите. Главната камера има сензор со импресивна големина на пикселите од 1.9µm и бленда од f/1.5. За споредба, 12 Pro Max имаше 1.7µm пиксели и f/1.6 бленда. Или во превод, ова значи дека во услови на слабо осветлување, новиот модел може да фати 2,2 пати повеќе светло.

На ред е новиот Apple A15 Bionic чипсет, кој е направен од 15 милијарди транзистори (А14 имаше 11,8 милијарди). Ја задржува 2+4 CPU структурата со две големи јадра, а Apple се фали со „50% побрз од водечките на конкуренцијата”. GPU сега има 5 јадра.

Pro моделите ќе бидат достапни во Graphite, Gold, Silver и новата Sierra Blue бои. Рамката на куќиштето е нарпавена од нерѓосувачки челик, задната страна е мат стакло, а леќите на камерите се покриени со сафирно стакло.

iPhone 13 mini и iPhone 13 имаат А15 Bionic процесор. Дијагоналата на екранот останува непроменета - 5,4 инчи за iPhone 13 mini и 6,1 инчи за iPhone 13. Панелите поддржуваат Dolby Vision, HDR10 и HLG стандарди.

iPhone 13 mini и iPhone 13 имаат две камери од задната страна поставени дијагонално - главната има сензор од 12 мегапиксели и 26mm f/1.6 леќа. Втората камера е широкоаголна f/2.4 со сензор од 12MP. Напред е 12MP TrueDepth селфи камерата.

Новите iPhone модели ќе бидат достапни за преднарачки од петок, 17 септември, а испораките почнуваат од 24 септември.

Аpple не објави спецификација на батеријата, но ветува 2,5 часа и 1,5 часа повеќе време на издржливост во споредба со претходните модели.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе