Технолошкиот гигант Apple вчера соопшти неколку нови информации во врска со нивната работа во иднина, а највпечатлива беше најавата дека компанијата има во план да изгради центар вреден една милијарда долари во тексашкиот град Остин.
Сегашното седиште на Apple се наоѓа во градот Купертино во Калифорнија, но поради огромната инвестиција и современата технологија која ќе биде имплементирана во новиот комплекс, можно е компанијата во иднина да ја претвори фабриката во Остин во нивниот Пентагон.
Во новиот кампус сместен во Остин ќе работат 5.000 луѓе, кои ќе работат на инжинерство, истражување, развој на нови технологии, како и финансии, продажба и поддршка за корисници.
Нови помали центри ќе бидат изградени во Сиетл, Сан Диего и Калвер Сити и во нив ќе бидат вработени 1.000 луѓе.
Во Остин веќе се наоѓа една фабрика на Apple која вработува 6.000 луѓе. Тоа е најголемата фабрика на Apple надвор од Купертино, каде што работат 37.000 луѓе.
Од Apple беше наведено дека инвестирањето не завршува тука, бидејќи планирано е во иднина да се отворат нови фабрики и простии за работа во Питсбург, Њујорк и Колорадо.