Кајгана имаше ексклузивна можност да се запознае од прва рака со можностите на новиот Apple iPhone 7 во соработка со iButik.mk кои беа првите кои го донесоа на македонскиот пазар најпосакуваниот Apple уред во моментов.
Новиот iPhone 7 доаѓа во дури 5 бои, сребрена, златна и розева (со бела предна маска) и мат црна и џет црна (со црна предна маска).
Особен интерес предизвика решението да се тргне аудио конекторот за слушалки, па сега слушалките се поврзуваат директно во портот за полнење.
На сметка на ослободениот простор со отстранувањето на аудио џекот, зголемена е батеријата, додадени се стерео звучници, а смартфонот за прв пат има и оптичка стабилизација на камерата.
Особено добри критики добија двете камери кои се вградени во телефонот (предната и задната), кои прават одлични фотографии.
iPhone 7 носи моќен процесор А10, и го краси еден од најубавите екрани во моментов со LED IPS технологија.
Apple овој пат се реши да го отстрани и физичкото Home копче, а на негово место да постави копче кое функционира со допир. Ваквото копче ќе овозможи и подесувања по избор на корисникот за функциите кои ќе ги има.
Сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со овој уред и неговите можности, можат тоа ексклузивно да го направат во просториите и на фан страната на iButik.mk.
*Промотивен текст