Apple сака да ве заштити од Facebook

Изгледа дека војната помеѓу двата технолошки гиганти, Facebook и Apple, само што започнува. Откако во текот на есента Apple неколкупати го нападна Facebook поради нарушување на приватноста на нивните корисници, сега отиде чекор понатаму и им подаде рака на сите корисници на оваа социјална мрежа, обидувајќи се да ги спаси од лошата страна на Марк Закерберг.

Со години, најтајниот собирач на податоци на Facebook е копчето Like. Секој вебсајт кој сака да биде застапен на Facebook го има ова копче, што значи дека тоа е насекаде.

За копчето Like да работи како што треба, корисникот треба да биде логиран на Facebook, што значи дека треба да испрати сигнал кој ги содржи вашата локација и вашите податоци.

Дури и да не кликнете на копчето, Facebook знае кој и кога имал пристап до него. Ова е возможно преку делот од интернетот наречен cookies, кој ве следи во секој чекор, без разлика дали ќе ја изгасите страната и ќе отворите нова.

Apple денеска реши да обрне внимание токму на ова и да понуди решение кое во иднина би можело да ве заштити. Се работи за нивниот прелистувач Safari, кој ќе го ограничи пристапот на информации кои ги праќате. И да, додека Apple го презентираа новиот апдејт на сцената, директно го покажаа линкот „facebook.com“ како пример за новата опција, што дополнително долева масло во огнот кој се создаде помеѓу овие две компании.

Теоретски, оваа нова опција може да претставува голем ризик за Apple. Ако луѓето решат да го користат Facebook без разлика на опасноста, постои голема веројатност дека веднаш ќе го заменат Safari со Chrome или Firefox поради тоа што овие прелистувачи нема постојано да ги прашуваат и предупредуваат за споделување на податоците.

Но, сепак ова е чекор во вистинската насока, доколку сакаме да ја задржиме интернет безбедноста. Колку помалку податоци споделуваме на интернет, толку се поголеми шансите дека ќе се одбраниме од злоупотреба на истите тие податоци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе