Наука

Apple со роботи ќе ги рециклира старите телефони

22. април 2019 - 14:10 | Б.С.Б.

Apple отвори нова лабораторија во која роботи ќе ги рециклираат старите телефони и ќе извлекуваат ретки метали.

Во Остин компанијата ја отвори Material Recovery лабораторијата во која ќе истражува нови методи за рециклирање и складирање на старите уреди како iPhone телефоните.

Со помош на роботот Daisy  и напредните алгоритами на машините ќе се расклопуваат старите уреди, ќе ги извлекуваат ретките метали и кобалтот од употребените батерии и ќе ги користат во изработката на новите.

Apple тврди дека роботот Daisy е во состојба да расклопи 200 телефони за еден час, што би овозможило рециклирање на 1,2 милиони уреди годишно. Основната задача на роботот е да ги извади батеријата и малите делови од уредот, а потоа да го рециклира делот сo алуминиум. Од Apple соопштуваат дека Daisy може да разликува 15 модели на iPhone.

Коментирај