Мобилни

Apple укинува многу iPhone модели, поевтинува неколку

12. септември 2019 - 11:56 | А.С.

Компанијата Apple после една година прави нова смена на генерации на iPhone уреди и имајќи ги новите модели, од продажба ќе повлече постари модели.

Завчера беа претставени новите iPhone модели: iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max, па Apple веќе нема да ги продава уредите iPhone XS и iPhone XS Max. Исто така, веќе нема да го продава и iPhone 7, ниту iPhone 7 Plus, па така компанијата од продажба повлекува четири модели одеднаш.

Моделот iPhone XR ќе добие пониска цена и ќе остане во продажба, со оглед на тоа дека е единствениот модел на iPhone што константно добро се продаваше во текот на минатата година, а намалување на цените добиваат и моделите iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

Тоа значи дека во продажба остануваат овие три модели и трите нови, а повремено и iPhone SE кој Apple го покажува на сајтот за продажба само кога ќе се собере доволно значајна количина за продажба онлајн.

iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone XS, iPhone XS Max и понатаму се продаваат во продавниците и кај операторите и достапна е техничката поддршка за нив, но Apple полека ќе ги исфрла од продавниците и ќе го намалува активното производство што наскоро ќе биде и укинато.

Коментирај