ПОЗНАТ 31 од 32 УЧЕСНИКА

Аргентина прв пат по 1982 нема да игра на МундоБаскет

Кошаркарската репрезентација на Аргентина, актуелниот вицешампион на светот, овој септември нема да игра на МундоБаскетот. „Гаучосите“ водеа со 17 разлика, но на крајот загубија од Доминиканската Република со 79:75 во клучниот натпревар опд квалификациите.

Херој на натпреварот беше Жан Монтеро, 19-годишниот кошаркар на Бетис, кој 18 од своите 22 коша ги постигна во второто полувреме, погодувајќи 6 од 9 за три. Покрај него се истакнаа Херардо Суеро со 13 и Андрес Фелис со по 11 поени и по 4 скока и асистенции.

Кај Аргентина најефикасен беше Габриел Дек со 27 поени, Факундо Кампацо постигна само 10, а исто толку запиша и Николас Лапровитола.

Така, Аргентина ќе го пропушти Светско првенство за прв пат по 1982 година.

„Не ги нокаутиравме и почна да се вовлекува сомнеж. Ова е тежок удар. Не можевме емотивно да станеме откако израмнија. Ќе нѐ боли да гледаме МундоБаскетот на телевизија“, изјави селекторот на „Гаучосите“, Пабло Приџони.

Венецуела остана во групата Е пред Аргентина и покрај тоа што загуби од Канада со 74:57. Аргентина сепак можеше да помине како најдобро четвртопласирана селекција, но Бразил го спречи тоа со победата над САД од 83:76.

Инаку, Аргентина заедно со Уригвај беа кандидати за организација на овој МундоБаскет, но нивната кандидатура беше надгласана од онаа на Јапонија, Филипини и Индонезија.

Досега се познати 31 од 32 учесници на МундоБаскетот 2023:

Домаќини:

  • Јапонија
  • Филипини

Европа:

  • Финска
  • Германија
  • Латвија (дебитант)
  • Италија
  • Шпанија
  • Словенија
  • Литванија
  • Франција
  • Грција
  • Грузија (дебитант)
  • Црна Гора

Африка:

  • Брег на Слонова Коска
  • Јужен Судан (дебитант)
  • Египет
  • Ангола
  • Зелен 'Рт (дебитант)

Азија/Океанија:

  • Нов Зеланд
  • Либан
  • Австралија
  • Кина
  • Јордан
  • Иран

Северна/Јужна Америка:

  • Канада
  • САД
  • Мексико
  • Порторико
  • Доминиканска Реп.
  • Венецуела
  • Бразил

За последното слободно место останува да се одлучи помеѓу Србија и Белгија во групата И од европските квалификации. Србија денеска игра дома против Велика Британија, додека Белгија против Турција. На табелата Србија има 14 бодови, Белгија 13.

Освен Јапонија и Филипини, кодомаќин е и Индонезија, чие учество беше условено од ФИБА. Со оглед на слабата репрезентација, ФИБА ѝ наложи на Индонезија дека ќе игра на МундоБаскетот само доколку репрезентацијата покаже напредок и заврши во првите 8 на последното Азиско првенство, што за малку не се случи. Така, за прв пат во историјата еден домаќин нема да игра на првенството кое го организира.

МундоБаскетот 2023 ќе се игра од 25 август до 5 септември.

реклама

Кошарка

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Read more

Феноменот Дончиќ ја растури Минесота, Далас е во финале

Read more

Метла за Индијана: Бостон ќе се бори за титулата во НБА лигата

Read more

Скоти Пипен не знаеше ништо за клубовите што играа фајнлфор, ама му легна баклавата

Read more
 

Спорт

  • filter

Дарио Ивановски победник на 8. издание на Охрид трчаТ

Читај повеќе
  • play_arrow

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Читај повеќе

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ и Музети играа до 3 сабајле – Ноле победи во пет сета

Читај повеќе
  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе