Арсенал, по добрите резултати кои ги бележи од стартот на сезоната, решил да ги продолжи договорите со менаџерот Арсен Венгер и играчите Месут Озил и Алексис Санчез, пишуваат англиските медиуми.
Арсенал, по подолго време, добро влезе во една натпреварувачка сезона, тимот се наоѓа во серија од седум победи во сите натпреварувања, а последната е извојувана синоќа, против Лудогорец во Лигата на шампионите (6-0).
Резултатите биле сигнал за челниците на клубот да подготват нови договори за менаџерот Арсен Венгер, кој веќе две децении е на функцијата, но и за првите ѕвезди на клубот Озил и Санчез.
Озил според информациите од Островот побарал неделна плата од 250 илјади фунти. Германскиот репрезентативец, од почетокот на сезоната, во Премиер лигата одиграл седум натпревари и постигнал седум гола, додека во ЛШ на три натпревари постигнал исто толку голови, сите во победата над Лудогорец.
Чилеанецот Санчез, во ЛШ има постигнато два гола, против ПСЖ и Лудогорец, а во Премиер лигата на седум натпревари постигнал пет гола.