Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Кито, 16 јули 2019 (МИА) – „Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж нема да биде предаден на земја во која се применува смртната казна“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Велика Британија, Алан Данкан на прес-конференција по средбата со еквадорскиот министер за надворешни работи Хозе Валенсија, во Кито.

Данкан додаде дека Велика Британија и Еквадор се согласиле за тоа.

Асанж во САД е обвинет за шпионажа и Вашингтон бара негова екстрадиција. Рочиштето по тоа барање е закажано за крај на февруари следната година во Велика Британија.

САД го обвинува дека ја загрозил безбедноста на нивните дипломати и војници, кога Викиликс во 2010 година објави 250.000 дипломатски документи и околу половина милион доверливи предмети за активностите на американската војска во Ирак и Авганистан. Исто така, Асанж е обвинет и за заговор со некогашната воена аналитичарка Челзи Менинг, која му ги доставила документите.

Лондонскиот суд го осуди на 50 недели затвор за кршење на условите за негово ослободување со кауција. Се разгледува и прашањето за негова екстрадиција во САД, каде што може да биде осуден на 175 години затвор. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе