Чек дис аут

Асфалтирањето пат во Австралија што стана хит на интернет

12. јануари 2017 - 10:30 | Д.П.

Едно мало место во Западна Австралија преку ноќ стана популарно, благодарение на виралното видео од асфалтирање на локален пат кое собра повеќе од 15 милиони прегледи на Facebook.

Местото Мура доби популарност благодарение на првиот човек на заедницата, Алан Лисон кој одлучил да го снимат асфалтирањето на патот. Видеото е малку забрзано, а целата процедура трае 15 минути и се гледа како прво едниот камион асфалтира долга и широка лента со едно поминување, а потоа се гледаат камионите што го финализираат процесот.

Тој вели дека не очекувал видеото да стекне толку голема популарност, но дека се многу горди што добиваат пофалби за работата и што снимката е толку многу гледана.

 

Have you ever seen how a road is bituminised?

Finishing touches were recently accomplished on the $443,000 upgrade to Airstrip Road. Funded through Roads to Recovery Funding Program. A great job by our road works crew and Trevor Longman with the Shires drone for the footage.

A total of 4.9kms were completed over a two day period.

Posted by Shire of Moora on Tuesday, December 13, 2016

Коментирај