По уживањето во оригиналната приказна, која нѐ одведе помеѓу Спартанците и филозофите во античка Грција, дојде време за првата голема експанзија која носи нов наратив во видеоиграта „Assassin’s Creed Odyssey“.
Првата експанзија ќе го носи името „Legacy of the First Blade“ и ќе има три посебни делови, а нејзината премиера е закажана за наредната недела, односно 4 декември.
Останатите делови од приказната за првиот убиец кој го користел скриеното сечило пристигнуваат веќе од почетокот на наредната година, по што може да се очекува новата експанзија чија приказна ќе биде сместена на островот Атлантида.
Тоа не е единствената содржина која нѐ очекува во наредните неколку месеци, бидејќи Ubisoft подготви голем број дневни и неделни предизвици, така што наскоро може да се очекуваат повеќе митски суштества и борби во кои играчите ќе си ги тестираат силата и вештините.