Масивен астериод нешто поголем од Ајфеловата кула денес ќе помине покрај нашата планета, предупреди НАСА. Доколку би удрил во Земјата би направил кратер голем 5 километри и би предизвикал огромни штети.
Астероидот 2019 GT3 е голем скоро колку облакодер, има дијаметар од 380 метри, а ќе помине крај Земјата со брзина од 49 илјади километри на час. Доколку би одел право накај нашата планета, поради масивноста не би се распаднал во атмосферата и би направил огромна штета удирајќи се во површината.
Тој ќе дојде до близина од 7,4 милиони километри оддалеченост од Земјата што го става во категоријата на потенцијално опасни астероиди кои поради близината можат да бидат привлечени од земјината гравитација и да се упатат кон неа.
Блиската средба со 2019 GT3 доаѓа само неколку недели по онаа со друг огромен астероид, 2019 OK, кој научниците го открија само неколку часа пред да мине крај Земјата.