Aston Martin објави нови детали за својот ултраспортски автомобил

Ултраспортскиот автомобил AM-RB 001, што Aston Martin го развива заедно со Red Bull Racing треба да добие V12 мотор, 1.000 коњски сили и максимална брзина над 400 километри на час. Британската компанија досега не отрки многу детали за овој проект, во кој покрај со Red Bull Racing работи и со познатиот британски инженер Адријан Њуи кој веќе долго време работи на развој на Ф1 болиди.

Сега директорот на одделот за дизајн во Aston Martin, Марек Рајхман откри нови детали за кој зборуваат дека ќе биде примерот според кој ќе се развиваат идните суперавтомобили.

Рајхман потврди дека автомобилот ќе развива 402 километри на час, а во свиоците на возачот и на неговиот сопатник ќе им покаже како изгледаат г-силите што ги чувствуваат возачите на Формула 1.

Aston Martin AM-RB 001 ќе добие централно поставен атмосферски V12 мотор со зафатнина меѓу 6 и 7 литри кој ќе располага со 1.000 коњски сили, а поширокиот агол меѓу цилиндрите ќе му овозможи пониско тежиште на автомобилот. Силата ќе се пренесува преку секвенцијалниот менувач Xtrac, а ќе го има и системот KERS кој за прв пат беше употребен во болидите на Ф1.

Најавите на Рајхман се дека AM-RB 001 ќе добие минимални измени во однос на веќе претставениот концепт, а поврзани се со подобрување на системот за ладење и уште подобрата аеродинамика.

Една интересна опција е што секој модел ќе има индивидуално прилагодување на возачката позиција. Тоа значи дека во Aston Martin на секој возач индивидуално ќе му ја подесат позицијата на седиштето, на педалите и на управувачот според конституацијата на телото, а такви работи досега правеа само за тркачките автомобили.

Компанијата ќе произведе 150 примероци од AM-RB 001, а сите се веќе распродадени по цена од 2,82 милиони евра. Во случај некој да се премисли, постои листа од стотици потенцијални купувачи што не го букирале својот примерок на време.

Првите испораки се планирани за крајот на 2018 година, а Aston Martin паралелно со верзијата што ќе биде легална за возење на јавните патишка, ќе направи и 25 модели што ќе може да се користат само на тркачка патека.

Конечното име на AM-RB 001, компанијата се уште не го открива.

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе