Наука

Астрономите лоцираа мистериозен радио сигнал од далечна галаксија

5. јануари 2017 - 10:11 | Д.П.

Астроомите го лоцираа изворот на мистериозниот сигнал кој доаѓа до Земјата во облик на кратки радио импулси. Природата на сигналот се уште не е позната, а шпекулациите се движат од црни дупки, па се до вонземјани.

Првите вакви радио сигнали се регистрирани сосема случајно уште во 2007 година со помош на Паркес телескопот во Австралија. Тие се исклучително ретки и кратки, па досега се регистрирани само 18 вакви сигнали.

BBC пишува дека овие сигнали се познати како FRB (Fast Radio Bursts), а станува збор за краткотрајни и силни пулсеви на радио бранови кои доаѓаат од вселената. Бидејќи се краткотрајни и ретки, FRB сигналите претставуваат голема мистерија за научниците.

Сега, група астрономи успешно го лоцираше изворот на еден од најмистериозните FRB signali. Научниците биле многу изненадени кога во 2015 година сфатиле дека еден од сигналите познат како FRB 121102 се повторува од една точка во вселената. Тоа бил прв пат сигналот да се повтори од исто место, а овој првично бил регистриран во 2012 година.

За да го лоцираат точно, тимот научници предводен од астрономот Шами Чатерје од Универзитетот Корнел одлучил да го чека FRB 121102 со цела мрежа радио телескопи.

Конечно по долгиот период на чекање, FRB 121102 се повторил неколку пати и со тоа го изострил својот извор - џуџеста галаксија која од Земјата е одалечена 3 милијарди светлосни години.

истражувањето е објавено во магазините Nature и The Astrophysical Journal Letters, а според лидерот на проектот, точното лоцирање ќе помогне во понатамошното истражување на овие појави.

Коментирај