Астрономски календар: Што може да видите на априлското небо?
НАСА ви нуди детален водич како да го набљудувате априлското небо. Астрономскиот календар е богат за овој месец, а исто така ќе научите и како да ја најдете ѕвездата Северница.
Северница, позната и како ѕвезда водилка, е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Сместена е многу блиску до северниот небесен пол, и во моментов е поларна ѕвезда.
Најновите истражувања покажуваат дека Северница може да е дел од отворена група ѕвезди од типот A и F.