Атанасов: Детектиран тигрест комарец, нема регистрирано случаи на инфекција

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - „На територијата на Република Македонија е детектиран  азиски-тигрест комарец. Се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде сè е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните“, информираше на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заедно со епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.

Согласно резултатите што ги имаме добиено, потенцира Атанасов, нема потврда за постоење на такви болести и не постои таква опасност.

Според информациите на Агенцијата, овој вид комарец прв пат е детектиран во 2016 година само во реонот на Богданци, а оваа година е проширен во Дојран и во повеќе општини во Скопје.

Појасни дека спецификата на комарецот е да се размножува и да живее на одредени температури и на одредена надморска височина.

„Мамките се поставени во речиси цела источна Македонија, и се продолжува во другиот дел од државата за да добиеме целосна слика за тоа дали е проширен и во другите краеви“, рече Атанасов и додаде оти е формирана превентивна група во која меѓу другите членови се и тој и министерот за здравство Венко Филипче и на дневна основа се испитуваат сите информации.

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски информира дека до денеска нема регистрирано никакви случаи на инфекција, ниту заболување од овој тип комарец во Република Македонија.

Напоменувајќи дека будно се следи состојбата во регионот и во околните држави, како што се Србија, Бугарија, Грција, Албанија и други, информира дека таму има регистрирано поголем број заболени лица, дури и смртни случаи. 

Караџовски посочи дека симптоми од убод од тигрест комарец се црвенило на кожата, оток, слабост, малаксаност, главоболка, тегоби, повишена температура, но сепак, потенцира, не значи дека се работи за убод од овој комарец.

Превентива за населението при одење во шумски предели, во паркови, појасни е мачкање на сите откриени површини, како и бела облека за да може да се забележи комарецот ако е на вас.

„Не постои ризик од некои заболувања односно ризикот е безначаен, заради тоа што согласно временската прогноза ќе се залади, а таа температура воопшто не му одговара на комарецот за да може да се размножува. Се размножува во многу мало количество вода, дури и во чаша или тацна што се навадуваат цвеќиња, застоени гуми, води.... овој комарец го хибернира зимскиот период и станува активен од март па натаму, а најголема активност покажува јуни, јули и август“, рече Караџовски.

Институтот бара во иднина секоја локална самоуправа да одвои дел од општинските буџети и да превенираат ДДД на водени, шумски и ливадски површини.

„Подготвени сме за вакви активности поврзани  со климатските промени. Во 2012-2013 година издадена е брошура за поврзаноста на климатските промени со појавата на инфективните заболувања во РМ, како и безброј брошури  за појавата на комарците, заштита од убод на комарец и од крлежи“, информира меѓу другото епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе