Фудбал

Атлетик го шокира Јунајтед

9. март 2012 - 9:35 | Макфакс

Екипата на Манчестер Јунајтед извлече пристоен пораз од Атлетик Билбао, на домашен терен, во првиот осминафинален натпревар во Лига Европа.

Баскијците на „Олд Трафорд“ забележаа победа со 2:3, со што обезбедија убава предност пред реваншот следниот четврток, кој ќе се одигра во Билбао.

Петтопласираниот тим во шпанското првенство, на фудбалскиот храм во Манчестер се престави во извонредно светло, играчите на аргентинскиот стратег, Марсело Биелса, доминираа во поголемиот дел од натпреварот, а во намерата да забележат поубедлива победа ги спречи голманот Де Хеа, кој имаше неколку извонредни интервенции.

Во финишот, во 92-та минута, Баскијците нема ниту, кога ударот на Јанг заврши во раката на Исуарте, а Руни пеналот го претвори во поднослив пораз.

Претходно, Вејн Руни го доведе Манчестер Јунајтед во водство, на што Атлетик одговори со головите на Љоренте, Де Маркос и Муниаин. Атлетик на оваа средба имаше поддршка од околу 7.000 свои навивачи, кои во Манчестер допатуваа од Баскија.

Коментирај