Атлетико го сруши Баерн, спектакл во Глазгов, Барса со пресврт до победа

Дваесет и осум голови, три промашени пенали, победа на Атлетико над Баерн во дербито и спектакуларниот меч на Селтик Парк, ги обележаа мечевите од второто коло, во првите четири групи во Лигата на шампионите.

Атлетико и Баерн го репризираа првиот полуфинален меч од минатата сезона, победи домаќинот со голот на Караско во 35. минута.

Белгискиот репрезентативец по грешката на Баварците на средината од теренот, прими топка во празно од Гризман, ја повлече десетина метри, а потоа упати прецизен удар од 18 метри и го совлада Нојер.

Баерн го имаше поседот на топката, имаше повеќе додавања, но играчите на Атлетико упатија повеќе удари кон Нојер и имаа поконкретни шанси.

Милер не ја реализираше најдобрата шанса за Баерн во првиот дел, а во второто полувреме добри можности имаа Левандовски и Робен. Торес го погоди дирекот во првата изгледна можност за „јорганџиите“, а Гризман во самиот финиш не реализира пенал. Неговиот удар заврши во гредата.

Атлетико се уште е без пораз во новата сезона, додека Баерн со Анчелоти на клупата прв пат загуби и не успеа да постигне гол.

Во вториот меч од Д групата, Ростов и ПСВ Ајндховен одиграа 2-2. Гостите може и да победат, но Попер промаши пенал.

Спектакуларен меч на Селтик Парк во Глазгов, одиграа Селтик и Манчестер Сити. Селтик кој беше аутсајдер три пати водеше, но Сити исто толку пати ја анулираше негативата, за конечни 3-3.

Ова е првиот меч во сезоната на кој Сити со Гвардиола не успеа да победи.

Во оваа Ц група Барселона со пресврт славеше во Менхенгладбах. Азар погоди во првиот дел за Борусија, а во второто полувреме головите за Барса ги постигнаа Арда Туран и Пике.

Во А групата Арсенал рутински славеше против Базел со двата гола на Волкот, додека ПСЖ во Софија со 3-1 го победи Лудогорец. Кавани беше двоен стрелец за ПСЖ.

Наполи во Б групата, славеше над Бенфика со 4-2, иако имаше водство од 4-0, а Динамо Киев одигра 1-1 во Истанбул против Бешикташ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе