Авто новости

Audi го претстави своето „оружје" за WEC

30. ноември 2015 - 11:41 | Д.Л.

Audi го претстави својот автомобил со кој ќе се натпреварува во World Endurance Championship.

Автомобилот ќе користи дизел мотор, а ривалите Toyota и Porsche ќе користат бензински мотори. Новиот автомобил ќе го движи 4-литарски V6 мотор.

Audi потврди и дека нема да ги менува возачите, но дека ќе го намали бројот на автомобили од три на два за трката 24 часа Ле Ман.

Коментирај