Авионот на Egypt Air се распаднал во лет заради пожар

Авионот на египетската авиокомпанија Egypt Air, кој во мај се урна во Средоземното море, најверојатно се распаднал во лет заради пожар во кокпитот или околу него, пренесе денеска американскиот весник New York Тimes.

Не е познато дали пожарот избувнал заради механички дефект или бил подметнат, наведува весникот, повикувајќи се на изјава на еден анонимен египетски функционер.

Истражната комисија, што ја предводат египетските власти, соопшти во сабота дека црната кутија го снимила зборот „оган“, а истражителите уште кон крајот на јуни наведоа дека анализата на втората црна кутија на која се забележани детали од летот, покажала дека алармите за пожар се активирале непосредно пред падот на авионот.

Авионот од типот Airbus 320, што леташе од Париз кон Каиро, се урна на 19 мај во Средоземното море, меѓу грчкиот остров Крит и египетскиот брег, откако ненадејно исчезна од радарот. Во несреќата загинаа 66 лица.

Кон крајот на октомври во експлозија на бомба во авион со руски туристи, непосредно по полетувањето од египетското летувалиште Шарм ел шеик, загинаа 224 патници и членови на екипажот, а одговорноста за нападот ја презеде исламска држава.

Во случајот со авионот на летот од Париз за Каиро, претпоставката за терористички напад е исклучена заради веројатноста дека станува збор за пожар и фактот дека никој не презеде одговорност. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе