Македонија

Австралиски државјани залутале во касарната Петровец следејќи GPS уред

22. август 2019 - 15:38 | МИА

Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Н.Ц.(35) и Б.А.А.(27), австралиски државјани, влегле во кругот на касарната.

Тие изјавиле дека залутале следејќи ги насоките од GPS уредот, а имале намера да одат кон Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Лицата биле приведени во Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

Претходно, на 20 август Германец влегол во кругот на касарната следејќи ги насоките на GPS уредот. И тој бил приведен во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот.

Коментирај