Свет

Автобус се преврти кај Хамбург, повредени најмалку 13 патници

9. ноември 2019 - 17:36 | А.С.

Туристички автобус од Полска денеска излета од автопат во Германија и се преврти, при што повредени се најмалку 13 лица.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на Автопатот 1 во близина на градот Хамбург.

Автобусот, во кој имало вкупно 48 луѓе, во 5 часот и 35 минути утрово излетал од неговата лента, утрил во безбедносната ограда и потоа се превртил покрај патот.

Околу 150 спасувачи и полицајци се на терен. Повредени се најмалку 13 лица, од кои седум потешко.

Полицијата засега не може да потврди од која националност се повредените.

Исто така, уште не е позната причината за несреќата.

Засега нема информации дали имало македонски државјани во автобусот што сообраќал на меѓународна линија.

Коментирај